Мени

Латински изреки … 

  • Jus est ars boni et aequi – Правото е уметност, добро и еднакво.
  • Iura vigilantibus scripta sunt
    Правото е напишано за будните, кој не води грижа за своите права може да ги изгуби.
  • Qui suo iure utitur, neminem laedit
    Оној кој се користи со своето право, на никого не му нанесува штета.
  • Nullus videtur dolo facere qui suo iure utitur
    Не се смета дека злонамерно постапува оној кој се користи со своето право.
  • Nullum crimen, nulla poena sine lege
    Нема кривично дело и нема казна ако тоа не е пропишано со закон.
  • Nemo damnum fecit nisi qui id fecit, qvod facere ius non habet
    Никој на друг не му причинува штета, ако не го работи она на што нема право.
  • Quod non est in actis non est in mundo
    Се што не е забележано во списи, тоа и не постои.
  • Ignorantia legis non excusat – Непознавањето на законот не е изговор.
  • Ignorantia nocet – Незнаењето штети.
  • Iuris praecepta sunt haec: honeste vivere, alterum non laedere, suum cuique tribuere – Прописни правила се: поштено да живееш, друг да не навредуваш, секому своето да го дадеш.
  • Justitia omni auro carior – Правичноста е поскапа од секое злато.
  • Justitia regnorum fundamentum – Правичност е (треба да биде) основа на владеачите.
  • Sine lege autem poena conscientia est – Каде нема закони, казна е совеста.
  • Una res est in obligatione, duaesunt in solutionе
    Една ствар се должи, а со две може облигацијата да се исполни.
  • Impossibilium nulla obligation est
    Ништовна е невозможната обврска или обврска која не е возможно да се исполни.
  • Res judicata facit jus inter partes – Правосилната Пресуда создава право помеѓу странките.
  • Testis unus, testis nullus Еден сведок, како ниеден сведок.
  • Solus consensus obligat Спогодбата сама по себе обврзува.
  • Pactum de cedendo Договор за пристапување кон побарување (цесија)
  • Clara pacta, boni amici – Чиста сметка, долга љубов.