МИЦЕВ АДВОКАТСКО ДРУШТВО

Адвокатското друштво МИЦЕВ – Скопје, со повеќе од 20 години професионално адвокатско искуство, е специјализирано исклучиво за надомест на штета и осигурително право.

Во текот на долгогодишната професионална работа стекнавме значајна експертиза во правната помош и застапувањето на домашни и странски физички и правни лица при остварувањето на нивните права за надомест на штета.

Нашата работа се темели на индивидуален пристап, детална анализа на секој предмет и стручно, посветено и професионално застапување пред осигурителни друштва и надлежни судови.

Нашата цел е да обезбедиме сигурна и стручна правна заштита, со целосна посветеност на интересите на секој клиент.

ЗОШТО КЛИЕНТИТЕ И КОМПАНИИТЕ НИ ЈА ДОВЕРУВААТ ПРАВНА ЗАШТИТА

  • Специјализираност исклучиво за надомест на штета и осигурителното право.
  • Повеќе од 20 години професионално адвокатско искуство.
  • Правна помош и застапување на домашни и странски физички и правни лица, вклучително и осигурителни друштва.
  • Правно застапување и советување на домашни и странски осигурителни друштва во постапки поврзани со надомест на штета.
  • Меѓународна соработка и правна поддршка во прекугранични побарувања и постапки за надомест на штета.
  • Професионално застапување пред осигурителни друштва и надлежни судови.
  • Искуство во предмети поврзани со штети настанати во земјата и во странство.
  • Индивидуален пристап, темелна анализа и посветеност на секој предмет.
  • Упорност, одговорност и транспарентна комуникација во заштитата на интересите на клиентите.
  • 95% успешно решени предмети.

Правна експертиза. Професионална посветеност. Доверливо застапување.

За правна помош и соработка, контактирајте го Адвокатско друштво МИЦЕВ – Скопје.

ЗАШТИТЕН ЗНАК АДВОКАТСКО ДРУШТВО МИЦЕВ

Форма

Дизајнот на заштитниот знак претставува синергија помеѓу две форми. Формата во вид на Квадрат има своје значење за професијата и го претставува функционирањето на друштвото како система со прави и под прав агол а она што го давааме како адвокатско друштво е токму ПРАВОТО.
Крајно апстрактната слика има два елемента на целината. Таа значење има две форми. Прво, клучноста е на првите столбови – сигурност и покрив – заштита и како субјект ја добива најголемата животна вредност и Второ, Адвокатското Друштво како субјект, кој тоа го нуди, сигурност и заштита.
Формите кои се претставени на формата од буквата М – МИЦЕВ а над покривот буквата В-ВАРГА, кои се иницијалите букви од презимињата на Соработниците – Основачи на Адвокатското Друштво МИЦЕВ а Брачните партнери под мотото “working together” се и бизнис партнери.

ЛОГОТИПСКО РЕШЕНИЕ

Дизајнот на логотипското решение е обработен фонт прилагоден за потребите на друштвото во кирилична и латинична варијанта. Се употребува во златна боја со цел на посебно нагласување на називот на друштвото, во комбинација и позиционирање со знаковното решение.

  1. Го симболизира (означува) краткото име на друштвото и може да се користи како самостоен знак
  2. Го прикажува целото име на друштвото и може да се користи исклучиво во состав со првиот елемент, односно задолжително како група на елементи кои сочинуваат целина

Боја

Се употребува во златна боја со цел на посебно нагласување на називот на друштвото, во комбинација и позиционирање со знаковното решение. Сината и Златната боја се заситени со висок интензитет.
Темно-сината е интензивна и дава асоцијации на:

  • Повисоки елементи, стремеж кон повисокото
  • Најчеста меѓу боите, симбол на стабилност, доверба и лојалност
  • Боја на интелигенција и знаење поврзани со експертиза и стабилност.

Златната боја е составена со двојно значење, едно како рамка која го штити угледот и честа а другата на знакот кој зрачи како сонцето и неговата енергија која дава живот. Златната боја е интензивна и дава асоцијации на:

  • Боја на успехот, достигнувањето и триумфот
  • Поврзана со повисоки идеали и инспирира знаење
  • Боја е на самоувереност, победник која споделува мудрост и знаење.

Златна и сина, одлика на вредностите на Адвокатското друштво МИЦЕВ

Што велат клиентите

Како оштетен во постапка, имав одлично искуство со Адвокатско Друштво Мицев. Тимот покажа голема стручност, посветеност и грижа за мојот случај. Секој чекор ми беше објаснет јасно и добивав целосна поддршка и доверба. Благодарение на нивниот професионален пристап постигнавме успешен исход. Топло ја препорачувам оваа адвокатска канцеларија на секого што бара сигурен и компетентен правен застапник.

0+
Клиенти
0%
Успешно решени предмети
М+
Надоместена штета за клиентите
0+
Професионални адвокати

Консултација

Законот е сложена работа. Може да ви предизвика голем проблем,
доколку го игнорирате. Дозволете ни да ви помогнеме!