Игор Мицев

Игор Мицев

Партнер

Игор Мицев, е адвокат роден во Скопје, неговото универзитетско образование го стекнал на Универзитетот Кирил и Методиј, Правниот факултет Јустинијан Први. По студиите веднаш започнал со адвокатска пракса во адвокатска канцеларија, а веќе во 2006 година ја основа неговата адвокатска канцеларија  започнувајќи да работи како самостоен адвокат.

Долгогодишната кариера на г-динот Мицев ја обележува специјлизирајќи се во областа на надомест на штети и осигурување преку бројни посети на домашни и меѓународни конференции, семинари и богата практична работа. Низ неговата адвокатска канцеларија се обучени десетици млади правници кои низ обемот на работата можеле многу брзо да учат и да го усовршат знаењето, па оттаму и големата визија за формирање на адвокатско друштво преку кое  не само што клиентите ќе добијат врвна и најквалитетна стручна помош, туку ќе им се овозможи и на младите правници и адвокати преку  активно работење на предмети, застапување пред Судови и институции, учество на дебати, под директно менторство на докажани и искусни правници, да се усовршуваат како поединци и работејќи во тимови, а со цел да се продуцираат што поголем број на обучени кадри во правната професија. Денес тој е еден од основачите и столбот на АД МИЦЕВ Скопје.

Контакт Информации

Phone : +389 70 375 287
Email : Igor@micev.mk