Штета од поплава на објект

За овој случај

Станува збор за имотна штета на осигуран објект и магацински простор со колонијална роба од позначителен обем, која била оштетена како резултат на елемнтарна непогода, невреме и поплава, поради што настанало излевање на речното корито, на реката во непосредна близина на објектот, па како резултат на тоа објектот бил целосно поплавен и испукала водоводната инсталација и парните котли во објектот, со што на оштетениот му е нанесена голема материјална штета и загуба.
ОбластГраѓанско право
Временска рамка1,5 години
АдвокатРената Варга Мицева

Предизвик

Интенцијата на секое општество е да се одржат што повеќе мали и средни претпријатија, во таа насока, како стануваше збор за семеен бизнис, со долгогодишна традиција, имавме мисија да му помогнеме на оштетениот во пократок временски период да се извлече од кризата и штетните последици, така што ќе биде обештетен од страна на осигурителната компанија, па со добиените средства ќе може поскоро да ја санира штетатa и да набави нови залихи кои му беа потребни.

Нашиот процес

1. Планирање на случајот

По утврдување на вистинскта реална штета како на објектот, инсталациите, така и на робата во магацинот, идејата ни беше веднаш да поднесеме комплетната документација до осигурителната компанија.

2. Проценување на ситуацијата

Во проценувањето на висината на вкупната имотна штета, вклучивме вешти лица од областа градежништвото, машински инжинер и економски вештак.

Утврдивме дека оштетениот има соодветно осигурително покритие и заштита согласно склученото осигурување.

3. Поднесување на случај до судот и резултат

Поднесовме оштетно барање за материјална штета до осигурителната компанија, но жал, вонсудската постапка пројде без успех, компанијата апсолутно неосновано го одби барањето.

Поведовме судски спор за надомест на материјална штета, кој можеме да се пофалиме дека беше процесуиран во експресно брз рок, во текот на постапката ја докажавме основаноста на барањето за штета во сите основи, по што Првостепениот Суд донесе позитивна пресуда за оштетениот. Тужениот незадоволен од пресудата поднесе жалба. По изминатаи 7 месеци Апелациониот Суд донесе пресуда со која ја потврди првостепената пресуда донесена во наша корист.