Сообраќајна незгода

За овој случај

Сообраќајна незгода случена поради неозначена и непоставена времена сообраќајна сигнализација на коловоз кој се реконструира. Одговорност на изведувач кој изведува градежни работи за реконструкција на коловоз, каде поради неисполнување на законските обврски со кои изведувачот е обврзан согласно законските релативи, како и согласно тендерска документација, доведува со сообраќајна незгода поради во која оштетениот претрпел материјална штета на патничко моторно возило поради нерамини на патот и насип од дробен камен.
ОбластГраѓанско право
Временска рамка2 години
АдвокатРената Варга Мицева

Предизвик

предизвик претставува воведување на превентивен систем кој на некој начин ќе делува врз правните лица да ги извшуваат нивните законски обврски, така што покрај прекршокот  кој им се ставва на товар и за кој се виновни, одговорноста за штета да биде една превентивна казна која ќе продонесе за севкупно добро во општеството и почитување на регулативата од сите учесници во правниот промет, поради тоа овој вид на предмети се исклучителен предизвик.

Нашиот процес

1. Планирање на случајот

Идејата за самата постапка најпрво се одвиваше во насока на утврдувањето на одговорноста на изведувачот, кој  во конкретниот случај е законски е обврзан да превзема регулирани активности и да побара соодветни одобренија, пред отпочнување на извршување на работите, токму поради фактот да спречи штетни последици за учесниците во изведувањето на работите и кон  трети лица.

2. Проценување на ситуацијата

Пред се, заклучивме дека изведувачот  склучил осигурување од одговорност во една од осигурителните компании. Но сепак одлучивме тужбеното барање да биде кон извесувачот, а не кон осигурителната компанија, поради одредени исклучоци и не

3. Поднесување на случај до судот

По обезбедување на доказите и стручни вешти мислења во краток временски интервал, тужбата беше поднесена до Оснвниот граѓански суд во Судот. Со тужбата побаравме оштетената да биде надоместена материјалната штета.

4. Резултат

Првостепената постапка заврши позитивно во корист на оштетениот, со реален износ за надомест на штета. По поднесената жалба од тужениот Апелациониот суд истата ја одби и ја потврди првостепената пресуда.