Угриз од куче

За овој случај

Угриз од страна на улични кучиња и нанесување на повреди. Одговорност на Градот Скопје и ЈП Лајка заради необезбеување на соодветен третман на улични кучиња, поради неисполнување на законските обврски со кои тие се обврзани согласно законските релативи.
ОбластГраѓанско право
Временска рамка1 години
АдвокатТеодора Биноска

Предизвик

Особено голем предизвик претставува воведување на превентивен систем кој на некој начин ќе делува врз јавните претпријатија и локалната самоуправа да ги извшуваат нивните законски обврски, должности и надзор врз спроведувањето на должностите.

Нашиот процес

1. Планирање на случајот

Идеата за самата постапка најпрво се одвиваше во насока на утврдувањето на одговорноста, на тужените, кои имаат законски обврски да обезбедат соодветен третман на кучињата скитници со цел да се намалат штетите од ваков вид, а со тоада се регулира безбедноста на граѓаните на јавните површини.

2. Проценување на ситуацијата

Постапката секогаш ја започнуваме со оштетни барања, но со оглед на тоа дека институциите не се расположени за вонсудско решавање на спорот, постапката заврши и овој пат на Суд. Тужбеното барање беше насочено кон одговорните, а во комуникација со вешти лица, ја поставивме висината на тужбеното барање кое е во корелација со повредите и претрпените душевни болки и страдања на оштетената.

3. Поднесување на случај до судот

По обезбедување на доказите и стручни вешти мислења во краток временски интервал, тужбата беше поднесена до Основниот граѓански суд во Судот. Со тужбата побаравме оштетената да биде надоместена нематеријалната штета и трошоци за лекување. Беа изведени писмени и вербални материјални докази.

4. Резултат

Првостепената постапка заврши позитивно во корист на оштетената, со справедлив паричен надомест на штета, по поднесена жалба од тужените, Апелациониот суд ги одби жалбите и ја потврди првостепената пресуда.