Предизвик
Особено голем предизвик претставува воведувањето на нова судска пракса за вакви штети.
Идејата за самата постапка најпрво се одвиваше во насока на утврдувањето на одговорноста на возачот во создавањето на опасната ситуација, упатување на оштетно барање кон осигурителната компанија, со цел вонсудско решавање на предметот.
Тужбеното барање беше насочено кон осигурителната компанија, а во комуникација со вешти лица од соодветен тип беше поставена и висината на нематеријалната штета согласно здобиените повреди.
По обезбедување на доказите и стручни вешти мислења тужбата беше поднесена до Основниот граѓански суд во Судот. Со тужбата побаравме оштетената да биде надоместена нематеријалната штета и трошоци за лекување.
Првостепената постапка заврши позитивно во корист на оштетената, со справедлив паричен надомест на штета. По жалба на тужениот Апелациониот Суд ја потврди првостепената пресуда во целост.
