Рената Варга Мицева е адвокатка родена во Скопје, Р.Македонија. Со повеќе од 20 годишно правно искуство, г-ѓа Мицева ја посветува својата кариера и практична работа во делот на осигурувањето, надомест на штети и деловното право, како и други имотни прашања.
Останувајќи верна на своите корени, г-ѓа Мицева своето професионално и стручно образование го стекнала во родната држава, активно учествувајќи и на низа меѓународни професионални настани и конференции. Таа студирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, Правен факултет „Јустинијан Први“ од каде што ја добила својата диплома по правни науки, со Уверение за положен правосуден испит се стекнала во 2004 година од страна на Министерството за правда на Р.Македонија.
Додека студирала право и веднаш по дипломирањето, г-ѓа Мицева стажирала во областа на нотаријатот и работела како адвокатски службеник, специјализиран за застапување на осигуреници во однос на осигурителни спорови во една реномирана адвокатска канцеларија од Скопје. Таа љубов кон осигурувањето сериозно ја продолжила, професионално остварувајќи се во една од водечките осигурителни компании во Македонија, а особено во Централна и Источна Епропа, почнувајќи како Менаџер на правен сектор и секретаријат на Надзорниот одбор во Акционерското (2004 – 2008), Директор на правен сектор во Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (2008 – 2011) Помошник Генерален Директор и Директор на правен сектор во Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (2011 – 2017), Претседател на Здружението за осигурување на Македонија (2015-2017). Од 2017 година таа е самостоен адвокат, потоа со нејзиониот сопруг исто така долгогодишен, реномиран адвокат го основаат Адвокатското друштво МИЦЕВ Скопје.
Членство во организации и професионални асоциации
Член на адвокатската комора (2017)
Член на советот за развој на пазарот за капитал во Република Македонија (2017)
Комитет на корпоративни секретари (внатрешни правни советници) и лица за комуникација со инвеститори во Институтот за директори (2016)
Здружение на правници на Македонија (2008)
Евро-Атлантски совет на Македонија (2004)
Зборува, македонски, англиски, српски, хрватски и бугарски.
Phone : +389 70 323 873
Email : renatavarga@micev.mk