Предизвик
Одговорноста како субјективна така и објективна е можеби една од најшироко распространети правни теми во делот на осигурувањето и надоместот на штета, а сепак многу малку разработена во нашата земја, токму поради тоа овој вид на предмети се исклучителен предизвик.
Идеата за самата постапка најпрво се одвиваше во насока на утврдувањето на одговорноста на работодавачот, кој во конкретниот случај е законски е обврзан да ја дисперзира или осигура во некоја осигурителна компанија, не само поради личната одговорност кон неговите вработени, туку и поради одговорноста кон трети лица.
По првичните испитувања и прибирање на информации, податоци и материјални факти, заклучивме дека Работодавачот склучил осигурување од одговорност во една од осигурителните компании. По утврдувањето на видот на покритието, поднесовме оштетно барање до осигурителната компанија, која го одби со образложение дека одговорноста не се однесувала на вработените, туку само контрети лица, како и дека штетата настанала поради лична одговорност на оштетената.
По обезбедување на доказите и стручни вешти мислења во краток временски интервал, тужбата беше поднесена до Основниот граѓански суд во Судот, против осигурителната компанија со која работодавачот имаше склучено осигурување. Со тужбата побаравме оштетената да биде обештетена за претрпената нематеријална штета, како и за делот на трошоците за лекување.
Првостепената постапка заврши позитивно во корист на оштетената, со исклучително поволен износ на надомест на штета. Осигурителната одлучи разумно и економично, како не би ги зголемувале трошоците на постапката и каматата, не ја обжали пресудата, туку доброволно да ја исплати штетата согласно кон оштетената.
