Предизвик
Предметот беше предизвик бидејќи нашата цел е заштита на клиентот, негово обештетување за повреда на личните права и превенција во нарушувањето на јавните површини поради непостапувањето на надлежните институции согласно законски рагулираните должности и обврски.
Идеата за самата постапка најпрво се одвиваше во насока на утврдувањето на одговорноста, нивото на одговорност за секој од учесниците во правниот промет и детектирање од каде истата произлегува.
Утврдивме дека постои солидарна одговорност на три страни, како учесници во остварувањето, регулацијата и одржувањето на јавните патишта, улици и други јавни површини и го детектиравме нивото на одговорност кај секој од нив. Го утврдивме видот и карактерот на повредите со кои се здобила оштетената, како влијаеле таквите повреди врз нејзиното здавје и материјална состојба. Поднесовме оштетни барања, но вонсудското решавање на спорот остана без успех, затоа што секоја институција истакна дека не се смета за одговорна за штетниот настан и дека превземањето на дејствија и активности не биле во нивни надлежности.
Поведовме судски спор против три тужени страни Оптштината Карпош, Градот Скопје и ЈП Водовод и канализација пред Основниот граѓански суд во Судот. Со тужбата побаравме оштетената да биде обештетена за претрпената нематеријална штета, како и за делот на трошоците за лекување, како материјална штета.
По една година од поведувањето на спорот, првостепената постапка заврши позитивно во корист на оштетената и со пресудата ги задолжи солидарно да и ја надоместат претрпената штета Градот Скопје и ЈП Водовод и канализација Скопје, додека го одби тужбеното барање спрема Општината Карпош. Против таквата пресуда жалба поднесоа тужените спрема кои беше усвоено тужбеното барање, по што Апелациониот Суд ја укина првостепенатат пресуда и го врати предметот на повторно одлучување, со напатствија Судот да испита и утврди дали постоела и одговорност на страна на оштетената, доколку постои во што се состои и кој е степенот на таквата одговорност. Првостепениот Суд при повторно постапување утврди дека постои солидарна одговорност на двајцата тужени како погоре поради необезбедување на шахтата со содветен какпак, како и поради не вршење на надзор и контроли врз спроведувањето на работите, како и придонес на оштетената во настанувањто на штета во висна од 20%, па сразмерно на вака утврдената фактичка состојба и досуди соодветен паричен надомест на име нематеријална и материјална штета. Вака донесената првостепена пресудата беше потврдена од стрна на Апелациониот суд Скопје.
