Штета на хидроцентрала

За овој случај

Предмет на спорот беше имотна штета и загубена заработувачка на хидроелектрана, кој настанала поради порен дожд и наноси од песок, карпи и камења, што довело до оштетување на уредите и прекин на работата на хидроелектраната. Хидроцентралите без оглед на видот и обемот, задолжително се осигуруваат доброволно од повеќе ризици како што се поплава, порој и високи води, пожар, кршење на машините и уредите, кражба, прекин на работа и загубена заработувачка, за што осигурителните компании им издаваат различни полиси за осигурување со различно осигурително покритие, односно осигурани ризици.
ОбластГраѓанско право
Временска рамка2 години
АдвокатРената Варга Мицева

Предизвик

Предметот беше предизвик бидејќи не ретко осигурителните компании свесно или несвесно пропуштаат прецизно да  им ги презентираат и образложат нивните осигурителни продукти и условите за осигурување на осигурениците, па поради тоа истите често се случува да се доведени во заблуда и да сметаат дека поседуваат осигурително покритие од сите неопходни ризици, а кое всушност го немаат, што секако би можело да има сериозни негативни финансиски импликации врз работењето на елетростопанското претпријатие, во случај на штетен настан.

Нашиот процес

1. Планирање на случајот

Постапката беше сосема јасна, најпрво ги испитавме и утврдивме покритијата на клиентот по основ на склучените полиси за осигурување, да процениме дали предметниот ризик е опфатен со осигурувањето, како истиот би можел да оствари надомест за загубена заработувачка поради прекинот на работа на хидроелектраната.

2. Проценување на ситуацијата

Бидејќи ризикот кој беше извор на материјалната штета на клиентот, беше еден од ризиците за кој тој имаше склучено осигурително покритие со осигурителна компанија, со стручно вештачење  ја утврдиме висината на штета поради прекинот на работа, во вид на загубена заработувачка. Во моментот кога клиентот побара наша стручна помош, по однос на материјалната штета за оштетените уреди и машини тој веќе беше обештетен во вонсудска постапка, но компанијата одбила да му ја надомести штетата за загубената заработувачка, со образложение дека ризикот финансиска загуба не бил опфатен со договореното осигурување и склучените полиси.

3. Поднесување на случај до судот

По една година од поведувањето на спорот, првостепениот Суд, донесе пресуда во корист на тужителот и ја задолжи осигурителната компанија да му ја надомести материјалната штета за испуштена корист(загубена заработка), поради прекин на работата, со образложение дека тужителот скличил полиси за осигурување од финансиски загуби, платил премија за осигурување и дека осигурителната компанија со намера да ја избегне обврската да плати штета манипулира со фактот дека наводно тужителот требал да плати дополнителна премија по основ на ризикот поплава, кој неспорно е опфатен со полисите за финансиска загуба, па уште и потенцира првостепениот Суд дека тоа создава правна и осигурителна несигурност кај клиентите, дотолку повеќе што осигурителната компанија во тек на постапката ги раскинала полисите за финансиска загуба склучени со клиентот иако истите биле во важност, без никаков повод, ниту особено образложение.

4. Резултат

Првостепената постапка заврши позитивно во корист на оштетената, со исклучително поволен износ на надомест на штета. Осигурителната одлучи разумно и економично, како не би ги зголемувале трошоците на постапката и каматата, не ја обжали пресудата, туку доброволно да ја исплати штетата согласно кон оштетената.