Предизвик
Дологодишното наше искуство во обработката на меѓународни штети, особено сообраќајни незгоди, беше предизвик за уште една позитивно завршена приказна, имајќи во предвид дека обработката на овој вид на штети се остварува преку странските осигурителни компании во земјата каде е случен настанот, односно од каде има осигурително покритие причинителот на незгодата.
Со оглед на тоа дека се работеше за штета од значително големи размери, како за оштетиот влекач, како и самите тешки телесни повреди со кои се беше здобил оштетенит, бидејќи истиот беше 1 месец болнички хоспитализиран и опериран во Германија, а потоа хоспитализиран во Р.Македонија во наредните 8 месеци.
Ситацијата налагаше дека можеме да ја процениме материјалната штета за влекачот, загубената заработувачка и авансна или аконтативна нематеријална штета за оштетениот како и трошоци за лекување.
Поднесовме до странската осигурителна компанија поединечни оштетни барања, за возилото, односно влекачот, барање за загубена заработувачка поради прекинот на работа на оштетениот, како и барање за нематеријална штета поради повредите со кои се имаше здобиено оштетениот и трошоците за лекување кои беше приморан сам да ги подмирува не по негова вина и волја.
По кратки преговори и појаснувања за висината на барањето на нематеријалната штета за оштетениот, постигнавме вонсудска спогодба за материјалната штета за влекачот, како и висока аконтативна нематеријална штета за оштетениот, со образложение од осигурителната компанија дека треба да помине 1 година од настанот, како би можело целосно со сигурност да се утврдат трајните последици од повредите со кои се имаше здобиено оштетениот.
После измината 1 година, поднесовме ново барање за доплата на нематеријалната штета со медицинско вештачење дека кај оштетениот е утврдена 47% инвалидност на поврдената нога, по што осигурителната компанија изврши исплата на надомест на штета по основ на нашето дополнително барање.
