Лекарска грешка

За овој случај

Оштетена во 2018 година е примена во Клиничката болница во Битола, на хируршкиот оддел заради хронично воспаление на жолчниот меур со присуство на камчиња. Оперирана е од доктор специјалист по општа хирургија. По операцијата оштетената била пуштена на домашно лекување, меѓутоа на ден 13.07.2018 година и се влошува состојбата, се јавила на преглед кај докторот што претходно ја оперирал и истиот ден оштетената е задржана во болницата и веднаш била повторно оперирана. По неколку дена откако била испишана од Болницата поради неиздржливи болки во горниот дел од стомакот и градите се јавила повторно на лекар, но сега како итен случај била пратена во Скопје каде и е дијагностицирано дека постои затварање на канал од жолчното ќесе и оштетување на задниот дел на жолчката поради што се јавува истекување на жолчна маса, па во стомачната празнина и биле пронајдени 6 литри жолчка и воспаление на стомачната марамица.
ОбластКривично и Граѓанско право
Временска рамка6 години
АдвокатИгор Мицев и Ивана Тошевска

Предизвик

Секој од нас има право на соодветна здравствена грижа и нега, согласно стандардите за медицината, па од тука предизвикот беше огромен, во насока на заштита на сите пациенти и доследно постапување на лекарите согласно Закон за здравствена заштита, кои се должни да ги штитат интересите на пациентите и нивното здравје и сносат одговорност во случај да не се применува или практикува добра медицина, квалитетна медицина, која се базира врз принципот лекарот да одговара на потребите на пациентот, навремено и на правилен начин, дејствувајќи со добри намери.

Нашиот процес

1. Планирање на случајот

Во насока на заштита на општото здравје на граѓаните и нивниот третман во здравствените установи, каде секој ден се повеќе гледаме дека е на работ на хуманост, етичност и професионалност, моравме да го соочиме лекарот со сурова реалност, поради што беше поднесена кривична пријава по член 207 од КЗ 9 (несовесно лекување болни) бидејќи во конкретниот случај на оштетената, беше  прекршен стандардот на совесно постапување и должно внимание, лекарот не несовесно постапил со што предизвикал влошување на здравствената состојба на оштетената.

2. Проценување на ситуацијата

Проценивме дека неопходно е да се задоволи правдата во името на сите кои можат или се нашле на местото на оштетената, па откако ќе заврши кривичната постапка да поднесеме барање за надомест на штета.

3. Поднесување на случај до судот и резултат

Поднесовме оштетно барање за нематеријална штета за повреда на личните права на оштетената, до осигурителна компанија во која Болницата имаше склучено полиса за осигурување од општа и професионална одговорност. Компанијата крајно профисионално во рамки на сумата на осигурување, која воопшто не беше ниска, ја обештети оштетената, со што двојно беше задоволена правдата.

А за нас ова беше двоен успех, со надеж дека нема да се повторуваат ваквите лекарски грешки.