Предизвик
Иако се работи за доброволно осигурување со кое се договорени реално скромни суми на осигурување од кои се утврдува пресметаниот процент на инвалидитет, сразмерно на повредите со кои се здобил возачот или патникот, сепак компанијата одлучи да ги одбие барањата за надомест на штета. Посебен предизвик е кога е спорен основот од причина што бара дополнително истражување и прибирање докази за да се докаже основаноста на барањето за надомест на штета. Овој тип на предмети се ретки поради недоволната информираност на осигурениците што беше мотив повеќе со цел да се создаде нова пракса со нашиот печат на неа.
Во конкретниот случај со оглед дека е случена сообраќајна незгода надвор од Македонија а доплатокот се однесува за полисата од автоодговорност издадена за во границите на Македонија, самиот предмет бараше дополнително истражување на системот на зелена карта. Се прибираа податоци од Национално биро за осигурување од осигурителните компаниии и дојдовме до заклучок дека ова е прв ваков случај односно прво вакво оштетно барање во Македонија.
По првичните испитувања и прибирање на информации, податоци и материјални факти, заклучивме дека со Посебните и Општите услови за осигурување од последици на несреќен случај (незгода) нема утврдено територијално ограничување. Ова беше појдовна точка за да се поведе судски спор откако осигурителната компанија го одби барањето со образложение дека доплатокот се однесува само за штети настанати на територијата на Македонија.
По обезбедување на доказите и стручни вешти мислења во краток временски интервал, тужбата беше поднесена до Основниот граѓански суд во Скопје, против осигурителната компанија со која сопственикот на возилото имаше склучено осигурување односно доплатил за осигурување на возачот и патниците на тоа возило. Со тужбата побаравме оштетените да бидат обештетени за утврден траен инвалидитет од последици на несреќен случај (незгода).
Првостепената постапка заврши позитивно во корист на оштетените, со исклучително поволен износ на надомест на штета. Со оглед дека е прв ваков предмет Осигурителната компанија одлучи да поднесе жалба како не би создала пракса за надомест на штета за овој вид на предмети.
