Прекршок сообраќајна незгода

За овој случај

На нашиот клиент на му се ставаше на товар прекршок за сторено дејствие за непрописно поместување на возилото во лево, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Поради што беше поведена прекршочна постапка. Сообраќајните незгоди се секојдневи, но тоа не значи дека секој учесник во сообраќајна незгода кој управува автомобил има вина или одговорност за случувањето на истата. Законодавецот предвидел дека секој е невин се додека не биде докаже спротивното со правосилна судска пресуда.
ОбластПрекршочна постапка
Временска рамка2 години
АдвокатАлександар Станковски

Предизвик

Многу е важно прекршоците во сообраќајот да бидат правилно утврдени, во спротивност постои веројатност голем број на учесници во сообраќајот да бидат противправно осудени. Во овој случај посебен предизвик беше и забраната за управување на моторно возило поради фактот дека странката е професионален возач и од оваа пресуда зависеше неговото работно место, односно понатамошна егзистенција за него и неговото семејство.

Нашиот процес

1. Планирање на случајот

Истражувањето и прибирањето на информации поврзани со предметот е од круцијално значење. Иако во конкретниот случај има Записник за увид на лице место изготвен од полициски службеници кои излегле на лице место и ја утврдиле фактичката состојба сепак и од вербалните искази на сведоците се утврдија дополнителни факти од значење за правилно утврдување на материјалната вистина.

2. Проценување на ситуацијата

По прибирање на сите докази неспорно се утврди дека обвинетиот бил учесник во сообраќајна незгода, но во дејствијата кои ги превземал не беше содржано дејствието кое му се ставаше на товар со брањето за поведување на прекршочна постапка.

3. Поднесување на случај до судот

Постапката пред судот веќе беше поведена со барањето за поведување на прекршочна постапка. Од наша страна беа прибрани доволно докази за да се докаже дека нема вина настрана обвинетиот и истите беа презентирани пред судот.

4. Резултат

Првостепената постапка заврши негативно односно беше осуден обвинетиот, нашиот клиент. По што следеше поднесување на жалба од наша страна и истата беше усвоена од страна на Второстепениот суд. Предметот беше вратен пред првостепениот суд на повторно одлучување кој остана доследен на првичната пресуда и без никаква промена ја донесе истата пресуда. Повторно од наша страна беше поднесена жалба и овојпат Второстепениот суд мериторно на јавна седница одлучи и го ослободи обвинетиот од вина прифаќајќи во целост нашите наводите. Овој предмет е показател дека истрајноста и посветеноста секогаш го даваат правиот резултат.