Пред 20 години јас и мојот сопруг се запознавме во судница, како млади и амбициозни правници. Прво не поврза страста кон правдата и законот, а потоа и љубовта што тивко се развиваше меѓу нас. Уште тогаш знаевме дека делиме иста визија – да создадеме нешто големо и вредно, нешто што ќе остане зад нас.
Патот не беше лесен. Секој од нас го следеше сопствениот пат, градејќи кариера, остварувајќи лични цели и стекнувајќи многу искуство и знаење во различни области од правото. Имаше многу предизвици, безброј работни часови и пропуштени моменти од секојдневието, но никогаш не ја загубивме вербата во нашата заедничка идеја.
Со текот на годините, знаењето, стручните вештини и посветеноста ни овозможија да изградиме цврста основа за она што денес е наша гордост – адвокатска фирма со тим од десет професионалци. Овие луѓе не се само колеги, туку тие се нашата вредност, нашето проширено семејство. Заедно секојдневно работиме на нови идеи, унапредување на праксата и создавање на простор каде правдата и знаењето се спојуваат.
Нашата приказна е доказ дека љубовта и визијата можат да создадат нешто трајно и значајно.

Вашите права имаат вредност, патот и реализацијата се наша цел секој клиент да го добие заслужениот надомест на штета, било да станува збор за сообраќајна незгода, повреда при работа, несреќа или одбиено барање од осигурителна компанија.
Ние не ветуваме, туку постигнуваме резултати. Никогаш не се откажуваме. Правдата не смее да остане недостижна за никого, особено кога знаете дека сте во право, затоа сме ние тука да го вратиме она што ви припаѓа, Вашето достоинство, мир, сатисфакција, преку надомест на штета.
Свесни сме дека зад секој случај стои посебна приказна, човек, семејство, живот кој чека да се врати повторно на секојдневието, бизнис кој одново ќе заживее или ќе продолжи со редовен тек на работење. Затоа ние не сме само адвокати, нашата работа не е само правото, туку живееме со психолошкиот, емоционалниот и личниот живот или ситуација на секој клиент.
Дизајнот на заштитниот знак претставува синергија помеѓу две форми. Формата во вид на Квадрат има своје значење за професијата и го претставува функционирањето на друштвото како система со прави и под прав агол а она што го давааме како адвокатско друштво е токму ПРАВОТО.
Крајно апстрактната слика има два елемента на целината. Таа значење има две форми. Прво, клучноста е на првите столбови – сигурност и покрив – заштита и како субјект ја добива најголемата животна вредност и Второ, Адвокатското Друштво како субјект, кој тоа го нуди, сигурност и заштита.
Формите кои се претставени на формата од буквата М – МИЦЕВ а над покривот буквата В-ВАРГА, кои се иницијалите букви од презимињата на Соработниците – Основачи на Адвокатското Друштво МИЦЕВ а Брачните партнери под мотото “working together” се и бизнис партнери.
Дизајнот на логотипското решение е обработен фонт прилагоден за потребите на друштвото во кирилична и латинична варијанта. Се употребува во златна боја со цел на посебно нагласување на називот на друштвото, во комбинација и позиционирање со знаковното решение.
Се употребува во златна боја со цел на посебно нагласување на називот на друштвото, во комбинација и позиционирање со знаковното решение. Сината и Златната боја се заситени со висок интензитет.
Темно-сината е интензивна и дава асоцијации на:
Златната боја е составена со двојно значење, едно како рамка која го штити угледот и честа а другата на знакот кој зрачи како сонцето и неговата енергија која дава живот. Златната боја е интензивна и дава асоцијации на:
Златна и сина, одлика на вредностите на Адвокатското друштво МИЦЕВ
Адвокатско друштво МИЦЕВ Скопје е местото каде на ефикасен и професионален начин ќе ги остварите своите права за надомест на штета.
Нашата основна цел и движечка сила се задоволни клиенти, а тоа го постигнуваме така што им помагаме да ги остварат нивните права и да ја добијат масималната надокнада на штета во најкраток временски рок, да им го олесниме процесот на финансирање на постапките, овозможувајќи им привилегии потребни за водење на истите.
Наша кауза е БРЗО – ЕФИКАСНО – ПРОФЕСИОНАЛНО