
Постапката за утврдување на висината на штетата на возилата може да биде комплексна. Затоа процената која ви ја овозможуваме во краток рок, од страна на овлстен проценител од одговорното друштво за осигурување или од страна на некој од нашите соработници врвни, стручни професионалци и лиценцирани вештаци, проценувачи е со цел правилно и потполно попишување на оштетените делови на вашето возило.

Доколку настапи штета на вашиот имот, треба пред се да знаете дали и во кој обем истата претставува осигуран случај, потребно е да се превземат сите мерки за да се ограничат штетните последици, како и да се придржувате кон условите за осигурување, за што ви е потребна стручна професионална помош од Нас, а со цел комплетно да ги остварите вашите права за оштетен објект, машини, опрема, имот, дом, хидроцентрала, објект во градба, загубена заработка итн.

Ако работникот се повреди на работното место или во врска со извршувањето на работите има право на надомест на штета од Работодавачот, без оглед дали бил пријавен или не е пријавен работник, сезонски или радовно ангажиран вработен.

Секој кој претрпел физички болки, страв, душевни болки, нагрденост и/или инвалидност има право на надомест на штета сразмерно на претрпените повреди.

Последиците од несреќен случај се надоместуваат од страна на друштвата за осигурување врз основа на склучени полиси за осигурување од незгода на вработени, индивидуално, кредитно осигурување, осигурување на животот, училишно или студентско осигурување), но важано е да знаете дека сите услови за осигурување не се идентични и секако да знаете каков вид на надоместок на штета, односно сума на осигурување ви следува при несрќен случај, кој ние ви го гарантираме.

Одговорноста има многу широк опсег на остварување на надомест на штета, бидејќи може да биде дефинирана во различни сегменти од секојдневието, како општа или професионална одговорност. Одговорност кон вработени и одговорност кон трети лица, одговорност кон корисници на услуги, права и производи.

Дупка на патот е ноќна мора за секој возач, но наплатата на штета е секако можна и извесна, како и надомест на штета предизвикана од ненадејно животно на патот.

Овој вид на штета може да биде нематеријална и материјална. Ви следуваат штета за Вас лично, физичките и душевните болки кои сте ги претрпеле и претрпениот страв и нагрденост, но ви следуваат и тропоци за лекување и боледување.

Патниците во јавниот превоз се законски осигурани во случај кога ќе настапи незгода при превозот. Но исто така патниците имаат право на нематеријална штета за повреда која настапила про превозот со превозното средство.

Надоместот на штета за оштетени пратките, роба или стока при транспортот е секогаш извесно и можно, а како ние знаеме, бидејќи не секогаш истите се осигурани или осигурани.

Лекарската грешка е дефинирана како кршење на оптшто признати правила на вештината на лекувањето поради недостиг на должно внимание.Иако навистина сериозна и сложена проблематика, сепак надоместот на штета е извесен и можен.

Сообраќајна незгода, телесни повредиили смрт, повреда при работа, штети од здравствено осигурување , и штети на моторни возила случени на македонски државјани во странство, се нашата специјалност, независно во која држава истите се случиле, дозволете ни ние да се погрижиме за вас.